Утре и во четврток бидете внимателни: Астролозите откриваат зошто

Добивај вести на Viber

Астрологот Јасмина Мрдаљ, предвидува што да очекувате овие денови и на што треба да внимавате.

Во среда ќе има полна Месечина која ќе биде во знакот на Вага, што ќе донесе проблеми во партнерските односи, зголемен интензитет на емотивните реакции и конфликти. Денот носи доза на драма и претерување во секоја смисла, па важно е да се остане присебен, смирен и да не се реагира на различните провокации. Истиот ден ќе имаме поволен аспект од Меркур и Јупитер, на кои можеме да се потрепеме. Тие го поддржуваат учењето, читањето, пишувањето, размислувањето и носењето на интуитивни одлуки. Пробајте мислите да ги насочите на позитивното и зборовите и реченицците кои ги изговарате да бидат насочени кон промени. Ослободете се од ограничените уверувања и изјави кои самите себе си ги кажувате. 

Во четврток Месечината ќе транзистира во знакот на Шкорпија, што ќе го разбуди шпиунот во вас. Посесивноста и љубомората, манипулацијата и сите стравови, особено оние од губење на сакани личности и напуштање, ќе бидат поинтензивни. Денот ќе донесе дистанца во односите, стравовите, компликациите и предизвиците, кавгите и конфликтите, па најдобро ќе биде да се повлечете од сѐ што можете. Практикувајте напорни физички вежби, а енергијата насочете ја во нешто креативно, за да не дојде до кулминација на односите.


Овие три хороскопски знаци се најинтелигентни