Познат психихолог открива: Задоволете ги овие 5 брачни потреби и не плашете се од развод или изневерување

Добивај вести на Viber

Американскиот истражувач, психолог и автор на книгата „Неговите потреби, нејзините потреби: Градење на брак без неверство“, Вилард Хадли направи експеримент во кој учествуваа повеќе од 800 двојки.

Овој истражувач дошол до заклучок дека кога основните потреби на мажите и жените се задоволени во бракот, тој брак функционира многу подобро и партнерите повеќе се почитуваат. Тој изјави дека има 5 потреби и кај мажите и кај жените, некои се различни, а некои се слични.

Еве за што станува збор:

Прва потреба: Кај жените тоа е потребата за нежност, кај мажите е потреба за блискост. Овие две потреби се тесно поврзани, но сепак се многу различни и двете треба да бидат исполнети со цел сопружниците да бидат среќни во нивниот заеднички живот.

Втора потреба: Кај жените, тоа е потребата за разговор, а кај мажите, подготвеноста за забава. Жената има потреба од мажот да биде нејзина поддршка, па затоа и е многу важно да има добар и отворен разговор со него. На мажот му е потребна жена која не само што ќе седи дома, туку ќе биде заинтересирана да тргне во непланирана авантура со него.

Трета потреба: Оваа потреба е иста и кај мажите и кај жените, а тоа е искреноста. На партнерите им е потребна вистината, и во секојдневните работи и во итни случаи; и во мали нешта и во големи работи - Искреноста пред сѐ!

Четврта потреба: Удобност! Двајцата партнери треба да се чувствуваат пријатно во својот дом и во врската. Ако има некоја ситница што ве тера да не се чувствувате така, работете на тоа, во спротивно партнерот кој не се чувствува пријатно, она што му недостасува ќе го побара на друго место.

Петта потреба: На жената и е потребно нејзиниот маж да и биде стабилна поддршка, а на мажот му е потребна неговата сопруга за да му се восхитува. Најважно е дека треба искрено да му се восхитувате, дури и ако е во прашање некоја мала работа, важно е да му дадете до знаење дека тој е вашиот херој.

фото: Shutterstock

Извор: stil.kurir.rs