Познат психотерапевт советува: Како е најдобро да им објаснете на децата дека се разведувате

Советникот за брак и психотерапевтот Сара Калверт ја сподели за „Гардијан“ приказната за жена која одлучи да се разведе по 22 години брак. Двојката продолжи да живее заедно дури и по разводот, за да можат заедно да го одгледаат синот. Мажот започна да запознава нови жени, а неговата поранешна сопруга сè уште не е подготвена за тоа затоа што е измачена од чувства на срам и вина, особено заради нејзиниот син кој не знае ништо за разводот.

Сите разводи, дури и најмирните, се тешки и стресни. Во последните неколку децении, тие станаа чести и вообичаени, така што луѓето се преправаат дека станале безболни. За жал, разводот е сè уште една од најстресните животни промени, што може да го доведе лицето до депресија. Се разбира, можно е успешно да се разведе и тој живот се уште да постои после разводот.

Психотерапевтката Сара Калверт истакнува дека луѓето кои се разведуваат, најчесто, жалат не само за врската, туку и за уништените планови за иднината.

- Децата се многу чувствителни, тие брзо забележуваат промена во вашето однесување: Затоа е важно да им објасните што се случува на начин на кој можат да разберат на таа возраст. Нагласете дека не е нивна вина, затоа што децата имаат тенденција да се обвинуваат себеси за промените во семејството.

Никогаш не е виновна само едната страна.

Калверт објасни дека, обвинувајќи се себеси или партнерот, нема да постигнеме никакви резултати. Потребно е родителите да се фокусираат на подобрување на односите по разводот, за да можат да соработуваат и да учествуваат заедно во натамошното воспитување на децата.

Таа истакна дека не смета дека е разумно разведените парови да продолжат да живеат заедно, само заради децата, бидејќи тоа ќе ги спречи да најдат нова љубов.

Фото: Shutterstock