Позната актерка тајно абортирала, а на лекарите и дала лажно име: „Сакав да ја спасам кариерата и не се срамам поради тоа“

Добивај вести на Viber

Кери Вашингтон (46) наскоро ќе ги објави мемоарите 'Thicker Than Water',во кои се присети на своите 20-ти години и тешките моменти кои ги објавила. Во своите мемоари таа за прв пат проговори за нејзината одлука да абортира кога беше на самиот почетокна на кариерата. Таа кажа и како сето тоа го чувала во тајност бидејќи не сакала да и наштети на работата.

Американската актерка Кери Вашингтон раскажа како по филмот „Спаси го последниот танц“, во кој глумеше во 2001 година, непланирано останала во бремена. Нејзината одлука да абортира не и била лесна и чувствувала срам, но во тој момент одлучила дека мора да го направи тоа. Како што открила, тогаш на лекарите им дала лажно име и презиме, бидејќи не сакала тоа да влијае на нејзината кариера.

- Едноставно не сакам мојот абортус да биде на листата на работи од кои се срамам. Оваа приказна имаше толку многу врска со моето разбирање за себе и за светот додека се развиваше мојата кариера. Се наоѓаме во момент кога е многу важно да ја зборуваме вистината за нашите репродуктивни избори бидејќи некои од тие избори ни се одземаат – изјави актерката за People и додаде:

- Ги споделив моите најдлабоки тајни со цел младите жени да сфатат дека ништо не е срамно. Тие имаат право да донесуваат одлуки за својот живот без страв од осуда од околината. Треба да знаат дека не се сами кога станува збор за носење на вакви тешки одлуки – заклучила актерката.

Кери денес е мајка на 9-годишната ќерка Изабел и 6-годишниот син Кејелб, а нејзиниот сопруг од првиот брак  ја има 16-годишна ќерка која живее со нив.

Фото:screenshot