Легендата Доли Партон е 55 години во брак со познат бизнисмен, но ретко кој знае како изгледа тој: Конечно излегоа фотки од него

Една од најголемите музички диви во историјата 55 години успешно го крие својот сопруг – толку успешно, што малкумина знаат како тој изгледа.

Многумина дури изразија сомнеж дека сопругот на Доли Партон воопшто постои, славната пејачка успева да го крие од јавноста со децении. Легендата на кантри музиката Доли Партон (74), со прекар Силиконската дива, е во брак со бизнисменот Карл Томас Дин (78) веќе 55 години. Сепак, Карл во сите тие години само еднаш гледал нејзин настап во живо, а причината е што строго се држи настрана од јавноста, толку многу што ретко кој знае како тој изгледа.

Сепак, Доли деновиве на својот Инстаграм го покажа својот сопруг. Станува збор за намерно лош фотошоп, а Доли го искористи тоа што нејзиниот сопруг беше обвиен со превез на мистерија за да ги промовира новите маици што ги пушти во продажба.


Доли зборуваше за нејзиниот брак минатата година во подкастот „Table Manners“ кај Џеси Вер, а во таа прилика го кажа следново:

- Со сопругот сме заедно 57 години, од кои 54 години сме во брак. Ми се смачи од него, а и му верувам - се пошегува познатата пејачка, додавајќи дека Карл ретко се појавува со неа на настани бидејќи сака да си ја зачува приватноста.  

- Карл и јас разговаравме за деца кога штотуку се венчавме, се прашувавме како ќе изгледаат, смисливме имиња за нив. Со текот на времето сфативме дека не ни е судено да имаме деца и на некој начин ни е драго поради тоа, иако верувам дека ќе бидам одлична мајка. Сепак, верувам и дека би се откажала од кариерата поради децата затоа што би се чувствувала виновна што ќе ги оставам дома и ќе одам на турнеи. Веројатно никогаш не би била ваква ѕвезда - изјавила Доли која редовно учествува во бројни хуманитарни акции, а нејзиното богатство денес се проценува на 600 милиони долари. 

Доли боледувала и од ендометриоза, хронична гинеколошка болест која во некои случаи доведува до неплодност. Доли поради лекувањето мораше да направи делумна хистеректомија, а во подкастот вели дека поради тоа поминала низ период на тешка депресија.


Фото: Профимедиа/Инстаграм/Доли Партон

Изгледам како жена, но мислам како маж: 11 моќни изјави на Доли Партон за животот и љубовта