ПОЗНАТИ МАКЕДОНКИ НАВЛЕЧЕНИ НА САМОСЛИК: ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН НА „СЕЛФИТО“
Денеска, 21 јуни, во Америка се одблежува како Национален ден на „селфито“ . „Свртете ги камерите спрема вас и фотографирајте се, денеска е Националниот „селфи“ ден“, пишуваат повеќе американски портали. Модерниот празник, го слават и во други земји, па од национален, веќе станува светски.
Миа Костова
Зборот „селфи“ стана популарен од 2013 година, откако е и официјално влезен во Оксфорд речникот на англискиот јазик. Американските истражувања велат дека во САД, еден човек, кој е активен на социјалните мрежи, прави и до 26.000 самослик фотографии во текот на целиот живот.
Викторија Лоба
Националниот ден на селфито, во Америка се слави од 2014 година. Повеќе познати фирми кои произведуваат телефони и фотоапарати, денеска доделуваат награди за најдобро направен самослик на социјалните мрежи, со хаштаг #NationalSelfieDay.
Елена Стефановска
Македонските популарни личности го следат светскиот тренд и ги споделуваат своите најинтересни моменти од патувања, дружби со пријатели, ручеци, третмани во салони, спортувања, со камерата свртена накај нив.
Калиопи
Поп-ѕвездата Калиопи, често објавува природни селфи фотографии, со малку или без шминка, на својот инстаграм профил. Активна на ист начин е и Тамара Тодевска, која ги споделува убавите моменти со ќерката Хана. Едни од најпопуларните „селфиња„ на инстаграм и на фејсбук ги има и водителката Маријана Станојковска, но и Миа Костова, како и Елена Стефановска, авторот на емисијата „Живот со стил“, најчесто од нејзините патувања.
Дамјан Дренковски
Авантурите на водителот Дамјан Дренковски, кој сега живее во Дубаи од многуте места на кои патува ги следиме низ објективот на неговата „селфи“ камера. За убавите новости на Елена Ристеска, Сара Мејс, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, актерките Јелена Јованова-Периќ, Весна Петрушевска и многу други исто така дознаваме од самослик фотографиите.
Сара Мејс
Една од познатите со најмногу следбеници на инстаграм и на фејсбук е Лила Стојановска. „Селфињата“ на Лила секогаш збираат најмногу „лајкови“.
М.Џаровска