ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ДВОЈКИ (3): Како се запознале?
Почетоците се најсимпатичниот дел од секоја љубовна приказна. Овојпат наш избор се првите средби со брачните другари на водителката Љубица Јаневска, боксерот Мумин Вели и актерот Нино Леви
Менка Трајковска и Мумин Вели
Се запознале во салата на боксерскиот клуб „Скопје“ каде што Менка дошла да ги научи основните правила на боксот, а Мумин бил нејзин учител.
- Беше еден од најупорните членови со кои сум работел. За краток период ја совлада вештината. Нејзиниот животен пат е сличен на мојот. Се најдовме како сродни души и почнавме да се дружиме. Се роди љубовта и потоа дојде сè останато–раскажа македонскиот боксер во една прилика.
Љубица Јаневска и Александар Ивановски
Краток период заедно работеле во матичната телевизија на популарната водителка, „Канал 5“. Во тој период немале некоја особена комуникација. Интензивно почнале да се допишуваат на социјалните мрежи кога тој заминал на друго работно место и станале многу добри пријатели.
- Си дававме совети буквално за сè. Си помагавме и потоа се роди љубов. Одлично се познаваме и буквално знаеме кој како дише – изјави Љубица во едно интервју.
Жаклина и Нино Леви
Нивната прва средба била во 1987 година кога тој бил апсолвент. Во тоа време неговата сопруга, седум години помлада од него, продавала сладолед кај фонтаната во Градски парк. Со велосипедот редовно поминувал во тој дел на градот за да стигне на факултет.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов