Познатиот јапонски професор, Макото Шичида советува: Како да направите гениј од детето

За да израсне во гениј, родителите треба да се занимаваат со детето од раѓање, развивајќи му ја прво десната страна од мозокот, па постепено воведувајќи игри за развој на левата - гласи методот на познатиот јапонски професор Макота Шичида, кој има успешна примена во повеќе од десет земји во светот.

За родителите се препорачува со децата да почнат да работа дома што е можно порано и тоа низ следните форми:

Песни

Важно е на детето да се посвети време за развивање на умот секогаш во ист период од денот и така што ќе се започне со омилената оесна. Професорот Макота Шичида совете да пеете додека го држите детето во раце, свртено кон вас, додека во позади свири некоја лесна музика.

Дишење

Потребно е да го научите детето правилно да дише, така што ќе дува хартиена плеча или пеперутка. По некое време може да почне да дува „во празно“.

Вежба - „енергетска топка“

Преправајте се дека помеѓу дланките имате топка која ја обликувате како снежна топка, па замислено ја фрлате. Повторувајте го тоа и преправете се дека пиете енергија од вашите раце.

Сугестија

Со насмевка на лицето на детето тивко зборувајте му: „Ти си посебен“, „Ти сакаш“, „Можеш сѐ“.

Мечтаење

Тренирајте ја неговата имагинација, сонувајте со него, раскажувајте му бајка која тоа ќе ја заврши или да каже име на некоја личност од таа приказна.

Телепатија

Седете во близина на детето и замислете некој облик или боја, а потоа кажете му: „Замислувам еден круг, во која боја е?“. На овој начин се вежба телепатијата.

Интуиција

Кажете му да погоди во која рака или под што се наоѓа нешто, за да му го придвижите интуитивниот нерв.

Гимнастика за очи

Земете ѕвонче и поместувајте го горе - доле, лево -десно, секако додека ѕвоните, а детето нека го следи со очите.

Игра со карти

Земете што повеќе карти со различни фотографии. Покажувајте му ги картите на детето брзо, не подолго од сунда, доволно за да кажете што има на секоја. Оваа брзина ќе ја активира десната страна на мозокот, а изговарањето на она што го има на картата ја вклучува и левата, па така тие се сихронизираат.

Фотографско помнење

За оваа цел потребни ви се фотографии или слики кои малку се разликуваат една од друга. На една секунда на детето покажете му ја секоја од нив, а потоа двете и прашајте го што видело.

Пејте

На крајот од учењето потвторно може да ја отпеете омилената песна. Вкупно вежбајте 30 - 40 минути дневно, а остатокот од времето оставете му го на детето за играње.

Проучувањето на броевите, зборовите и другите активност кои стимулираат преран развој на левата страна оставете ги за возраст од 3 - 4 години. Научето да игра игри со различни играчки, што ја развива имагинацијата која е многу корисна. Сонувајте со него, замислувајте како одите на море или во зоолошка градина. Користете едноставни реченици за да опишете што ќе правите и што ќе видите. Научете го јаде и да црта со двете раце.