Прави или криви, битно да се линии: Македонските политичарки „одлепија“ по овој стил
Дезенот со линии е тренд кој веќе неколку сезони, ако не и години е присутен во светот на модата. Парчињата со вакви мотиви можат да ги носат и девојките кои ја следат модата, оние кои избираат класични парчиња, но и романтични дами, и иако можеби изгледаат малку едноставни на прв поглед, благодарение на различните дебелини на линиите и нивните бои, комбинациите се бесконечни. Шармантните линии што ги носат девојки и жени со ист ентузијазам како и оние пред 100 години, оставаат впечаток на околината.
А, нашите политичарки ги носат со задоволство. Изгледа се свесни дека визуeлно издолжуваат, посебно фустаните со вертикални линии.
За повторното влегување во собрание, Радмила Шеќеринска се одлучи за елегантен фустан со линии кој е целосно затворен.
Рашела Мизрахи одбра таков кој е во светли бои.
Нина Ангеловска се појави во нежен фустан со линии кој има плисетура во долниот дел.