Правила на воспитување на француските родители кои цел свет ги фали
Oткако американската авторка Памела Друкерман посвети цела книга позитивни страници на француското родителство, цел свет и признава дека има нешто посебно и ефикасно во воспитните методи на Французите. Што прават тие поинаку па нивните деца немаат испади на бес, воспитано јадат од мали а мајките не глумат полицајки.
Еве до што се придржуваат француските родители:
Одлучно
Цврсто но смирено и јасно „НЕ“ е една од централните работи во франсуцкото родителство. Тие го користат кога тоа е потребно, изговараат љубезно но е важно за нивното „НЕ“ не се расправа. Нема никаков бес, викање и долги објаснувања. Се знае кој е главен.
Децата треба да умеат сами да се забавуваат
Под ова се мисли на важноста на детската способност сами да си играат и кога родителите имаат работа, децата треба да се мирни сами со себе без никакви проблеми.
Важно е и возрасните да имаат време за себе
Французите веруваат дека тоа што некој стане родител не значи дека неговиот живот треба да заврши. Тие уживаат во семејството и заедничко поминатото време но одвојуваат време и само за себе, партнер или пријатели.
Тие веруваат дека така ги учат децата да ги почитуваат сите членови на семејството а не да мислат дека цел свет се врти само околу нив.
Децата мора да се научат на независност
Мајките Французинки не бдеат над децата на игралиштето ниту пак ги држат под стаклено ѕвоно до 18 години. Во Франција ќе видите деца што сами одат до продавница, се шетаат од училиште до дома и крстарат по улиците на нивните тротинети, дури и во големите градови како што е Париз. Уште од осум или девет години децата добиваат голем број прилики да ја развијат нивната самостојност и тоа многу повеќе отколку во голем број други западни земји. А додека децата сеуште се многу мали, во парковите ќе видите мајки како седат на клупите и разговараат опуштено меѓусебе или пак читаат. Тие не го следат секој чекор на детето и не ги држат додека се спуштаат по тобоган или слично, без разлика на тоа дали се слуша смеење или плач.
Трпението и мирот се задолжителни
Кај Французите е мошне важно децата да ги научат дека неможат да добијат се веднаш и сега. Родителите така ги учат децата да чекаат во ред, да се воздржуваат и да не ги прекинуваат возрасните во разговорот како и да го почитуваат распоредот на оброците. Како резултат на ова има мир за време на оброкот, а им се овозможува на децата нормално да јадат и надвор од домот.
Семејните оброци се свети
Општо познато е дека француската кујна е најдобра во светото. Тие обожаваат да јадат. Заедничките семејни оброци се камен темелник на францускиот семеен живот, особено за викендот кога сите останати обврски се организираат во однос на прецизно распоредените оброци.
Децата го јадат истото што го јадат и возрасните
Кога веќе говориме за оброците, важно е да се напомене дека во Франција не постојат посебни оброци за децата. Тие го јадат она што го јадат и возрасните. Тие така уште од мали нозе се запознаваат со зачинетото пире од компири, месото со разни сосови и слично. Нормално е да отидете во ресторан и на менито да го најдете она што ќе го јадат и децата.
Викендот е време за семејството
Додека во поголемиот број земји токму викендите се исполнети со секакви обврски за децата, во Франција викендот и понатаму е наменет само за семејството. Тоа е време кога сите заедно седнуваат да ручаат, заедно одат на концерти, во музеи или на село во посета на бабите и дедовците. Тоа се денови кога едните на другите се приоритет.
Не ги оптоварувајте децата
Французите не ги оптоваруваат децата со вон-наставни активности не поминуваат време додека ги превезуваат од едно место на друго. Тие сакаат да имаат повеќе време за себе си и сметаат дека не е во ред членовите на семејството да неможат да најдат време еден за друг.
Целта е да се најде добар баланс во родителството
Убавината на ваквото родителство е во тоа што секогаш сте тука, а не претерувате. Семејството ви е приоритет, но имате време и за вашиот социјален живот. Тоа всушност е ултимативната цел на секој родител – совршен баланс.