Пред 3 години ни кажаа дека не можеме да имаме деца, а на овој убав ден ви кажуваме дека ја очекуваме нашата трета принцезa: Христина Пан со радосни вести
Познатата инстаграм блогерка Христина Младенов, или Христина Пан предмалку на социјалните мрежи соопшти дека по трет пат ќе се оствари во најубавата животна улога - мајка.
Радосните вести ги соопшти на Инстаграм.
„Во нашиот најголем животен хаос, Господ ни го испрати најголемиот благослов, нашата трета среќа...
Да не потсети уште еднаш никогаш да не губиме надеж и секогаш да веруваме дека секоја препрека со љубов и верба се надминува.
Пред 3 години ни кажаа дека не можеме да имаме деца, а на овој убав ден ви кажуваме дека ја очекуваме нашата трета принцеза.“ - напиша Христина споделувајќи и неколку фотки од овој убав миг.
Таа е силна мајка и борец, бидејќи едната од нејзините првородени близначки Тара се бори со болеста Neuroblastoma Metastasticum
Пред нејзините ќерки Тара и Хана да наполнат една година, таа во јавноста откри дека едното од бебињата е болно и почнало да прима хемотерапија.
Христина со ќерката Тара прво помина неколку месеци во болница во Скопје, каде што ја примија првата хемотерапија, а потоа беа и во Словенија во ноември 2023.
Тие во април се вратија и од Турција, каде што поминаа повеќе од два месеца, а каде што малата хероина беше на лекување.
„Видете кој си дојде дома денес...
Уште една голема и претешка битка победивме, ПОБЕДИ ХЕРОИНАВА... мала, а НАЈГОЛЕМА!
Имаме уште малку за војување, ама сѐ што треба да знаете е дека Тара е добра, фала му на Господ“, вака ги кажа убавите вести Христина на социјалните мрежи.
Пред да заминат на лекување во Турција, Христина преку Инстаграм Стори одговараше на прашања поврзани со болеста на нејзината ќерка, па нагласи дека Тара нема леукемија.
„Тара има Neuroblastoma Metastasticum, за жал малигна болест која не ја откривме на време поради тоа што симптомите се појавија подоцна. Ваквите малигни болести се подмолни и тешко се откриваат навреме.
Тара имаше само 10 месеци кога почна агонијата. Неполн месец пред првиот роденден имавме конечна дијагноза и почна со хемотерапија. Не се работи за леукемија“, напиша таа.
Христина и нејзиниот сопруг две години се обидувале да добијат дете, но сепак се остварија во најубавата улога која животот може да им ја даде на едни родители.