Пред шест месеци доаѓа момче и се жали на величината на половиот орган од 17 см: Приказна на д-р Милошевиќ заради која настана молк во студиото
Оваа приказна ја поттикна темата дека 38% од жените во Србија гледаат филмови за возрасни, поради што сe на второ место во Европа
Истражувањето на сајтот „Pornhub“ откри зачудувачки факт: 38% од жените во Србија гледаат филмови за возрасни, што ги става на второ место во Европа, додека жените од Молдавија се на прво место.
По тој повод, психотерапевтката Гордана Никиќ изјави дека работите во овој поглед значително се промениле, дека девојките денес се многу послободни и дека жените денес се стремат кон еднаквост. И дека жените денес повеќе бараат начини да се едуцираат во овој поглед.
Докторот Александар Милошевиќ изјави дека не е изненаден што денес жените гледаат еротски содржини, бидејќи имаат желба да следат мажи кои природно имаат посилен еротски нагон.
На прашањето на новинарката дали нешто не е во ред во врската или бракот, ако партнерот гледа порно, докторот изјави:
„Ако гледаат порно филмови на 50 или 60 години, не е ништо страшно. Ако гледаат порно филмови во дваесетите или триесеттите - тогаш сè „не штима“. Порно филмовите имаат негативен ефект врз младите луѓе кои треба да ја градат својата сексуална енергија. “ објасни професорот.
По тој повод, урологот д-р Милошевиќ раскажа една интересна приказна:
„Пред четири, пет месеци доаѓа еден дечко и има релативно голем пенис - 16, 17 сантиметри, девојката е со нормална градба, се сакаат. Го убедуваме да „најде друга", раскажува докторот кој додава дека типот не сакал да раскине со девојката, па тогаш единствено решение било „хируршко намалување на пенисот“, како што објаснува докторот.
„Ова не сум го слушнала во животот“, изненадено отрки водителката Јована Јоксимовиќ, додека гостинката доц. Д-р Гордана Никиќ, истакна: „Јас тука ништо не би намалувала“.
Извор: stil.kurir.rs