Актуелно // Insta вести
„Пред два дена освои олимписко злато, а сега мие садови“: Тенискиот ас „работи прекувремено“ и не се срами од тоа
Тенискиот Ас Новак Ѓоковиќ на олимписките игри во Париз освои злато, но тоа е само уште една победа во неговата кариера поради која заслужено го носи епитетот најдобар тенисер на светот, сепак надвор од терените тој живее сосема нормално. На видеото кое Јелена го објави на социјалните мрежи, а кое стана вирално, Новак ги мие садовите по вечерата, а притоа вели дека не ги сака машините за садвои, повеќе сака кога тој сам ќе ги измие.
Што работиш, го прашува Јелена, на што Ноле одговара: Работам прекувремено, трета смена работам, нешто да заработам … А како сето тоа изгледа, погледнете од видеото во продолжение:Новак уште еднаш покажа дека и покрај тоа што е најдобар светски тенисер на сите времиња, тој сепак е нормален, едноставен и посветен сопруг и татко.
Фото:ИнстаграмР.Ж.М