Пред огледало со Драгана Левенска: Не сум голем љубител на шминка и ја избегнувам колку што можам
Актерката Драгана Левенска е една од најубавите актерки во земјава. Таа секогаш е насмеана и позитивна, а во оваа прилика за Женски магазин ги раскажа своите ритуали за убавина. Откри кој е нејзиниот омилен парфем, која козметика ја користи и како ја оддржува својата коса секогаш убаво средена.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Прво започнувам со миење на лицето, потоа задолжително напрскувам активен кислород, кој ми дава свежина на лицето и доста ми помага во зимскиот период, потоа нанесувам хидратантна крема, хидратантно млеко за тело, лабело и парфем.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Веќе година ипол користам исклучително природна козметика и конечно најдов креми на кој долг период сум им лојална. Користам дневна и ноќна крема со органска роза од Логона и мицеларна вода за чистење на лицето со органско алое.
* Посетувате ли козметички салони?
- Да секако дека посетувам (се смее). Редовно правам педикир и маникир, антицелулитни масажи, потоа пилинг на лице, а витамински третман со колаген е нешто што од скоро почнав да го практикувам.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Кога станува збор за коса се препуштам на Адо и целиот тим на Хаирдо салон, редовните третмани за коса кои ги правам кај нив и исклучиво
веќе подолго време користам Енергетски шампон против опаѓање на коса, со органски кофеин од Логона кој многу ми помогна.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Па тоа се зависи за што и каде се подготвувам. Во принцип не сум голем љубител на шминка и ја избегнувам колку што можам, повеќе сум за природен изглед или да е се минимално направено. А кога ставам нешто јако тоа дефинитивно е кармин (се смее).
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Како што напоменав погоре, органските креми од Логона и антицелулитните гелови, крема за реце, и маска за лице .
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Средство за дезинфекција, крема за раце, коректор, лабело, кармин, маскара, стегач за коса и апче за глава (се смее).
* Омилен парфем?
- Имам три: Alien -Mugler, Venitas -Versace, Chance -Chanel.* Како ја одржувате линијата?
- Конечно после долго време се вратив во фитнес сала и после пауза не е баш лесно додека се ставам во ред (се смее). За време на карантинот се трудев колку што можев да бидам активна дома иако секогаш не ми успеваше (се смее). Редовно пешачам, кога имам можност го посетувам и Водно. Пијам многу вода, јадам балансирана храна, позитивни мисли, љубов и насмевки (се смее).
Наталија Миланова
Фото: Приватна архива Драганa Левенска