Прекрасен гест на компанијата Орифлеим: Кремови за раце за здравствените работници

Добивај вести на Viber

Денес медицинска сестра- техничар претставува професија која е од клучно значење и има значајно место во тимот на здравствените работници.

Нашите здравствени работници напорно работат, пружајќи помош на пациентите кои се заболени од Ковид-19. Поради таа причина, Орифлеим компанијата започна прекрасна акција.

Орифлеим одлучи да ги поддржи болниците кои се борат против Ковид-19 и на здравствените работници да им подари кремови за раце. Со оглед на постојаната употреба на средствата за дефинфекција, кожата на нивните раце е оштетена, испукана и потребна им е нега.

Орифлеим во нашата држава постои повеќе од 23 години и низ своето долгогодишно работење, секогаш настојувала за поддршка онаму каде е најпотребна.

Се надеваме дека оваа акција на Орифлеим ќе ги израдува сите здравствени работници, но исто така се надеваме дека ќе ги поттикне и останатите компании да го направат истото.