Преку Сингапур, до Бали: Заљубени како од првиот ден - Шеф Марк со сопругата на авантуристичко летување

Добивај вести на Viber

Шеф Марк и сопругата Василка уживаат на Бали. Парот летната авантура ја започна од урбаниот Сингапур, па  продолжија на Бали.

Судејќи според фотографиите и видеата Марк и Василка го уживаат секој момент, но и секоја нова туристичка атракција.

Од посета на знаменитости, преку уникатни зајдисонца и изгрејсонца, индонезиски деликатеси, забави на бродови, па се до аквапаркови.

Очигледно дека Марк и Василка уживаат и во нивната љубов која ја негуваат веќе три години.

Во јуни ја прославија нивната годишнина од брак, па Марк беше доволно инспириран за да и посвети една љубовна поезија на сопругата, Василка.

„Сезоните минуваат, но нашата љубов расте. Секој ден што минува е како нова приказна. Ѕвездите светат на небото на нашите животи. Три години среќа како мелодија. Рака под рака, за вечноста. Љубов моја Василка те сакам, ти си мојата единствена. Три години, заедно засекогаш. Среќен роденден и среќна годишнина“.

Марк и Василка се венчаа во 2021 година, тие направија мала свадба на која имало зурли и тапани, инструменти кои се неизбежни на една македонска традиционална свадба.

Фото: Инстаграм
РЖМ