Преку стипендиите „Борис Трајковски“ за извршната МБА програма на Сити Колеџ - Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, до поголеми перспективи за кариерен раст
Надградувањето на образованието е континуиран процес што го следи техничко-технолошкиот развој и воопшто потребата од компетитивните професионални профили. Токму овие промени и потреби ги следи и извршната МБА програма на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк којашто се нуди заедно со Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур. Оваа висококвалитетна извршна МБА програма е дизајнирана да им овозможи на менаџерите со висок потенцијал знаење и примена на напредни размислувања и техники за деловен развој и е во совршена синергија со светот на бизнисот.
Стипендиите „Борис Трајковски“ за двегодишни вонредни постдипломски студии што заеднички ги нудат Сити Колеџ - Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, Министерството за образование и наука и Претседателот на Република Северна Македонија се наменети за оваа МБА програма и годинава се достапни за 20 студенти. Со стекнување на стипендија, кандидатите ќе студираат според Пан-европската извршна МБА програма и ќе ги унапредат своето знаење и вештини на повисоко ниво.
За квалитет на оваа едукација зборуваат искуствата на оние што ја избрале извршната МБА програма од Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.
Никола Николовски, Менаџер за техничка поддршка на клиенти во Liberty Steel Group вели дека извршната МБА програмаму ги даде потребните вештини и нови компетенции за да го направи најзначајниот чекор во кариера. „Извршната МБА програма на Сити Колеџ со двојна диплома за мене беше повеќе од атрактивна и навистина даде одлично меѓународно искуство низ студиските недели во Јорк и Стразбур, како и преку посветените професори од факултетот кои обезбедуваат примери од реалниот живот, студии на случај и интерактивни часови, каде се дискутираат теми од интерес за учесниците. Ми создадоа нова перспектива преку учење на најактуелните теории и примени во области како Организациско однесување, Бизнис економија, Стратешки менаџмент, Корпоративни финансии. Дополнително, академскиот пристап во текот на овој образовен процес го разви моето критичко размислување, оценување и решавање проблеми на најновите прашања во деловниот и професионалниот свет“, вели Николовски.
За Даниела Анѓелиќ, Сениор проект менаџер во банкарство во ASSECO Southeastern Europe, извршната МБА програма со двојна диплома, на Сити Колеџ, се покажа како врвна програма дизајнирана совршено да одговара на потребите за развој на кариерата на менаџери и деловни директори.
„Оваа внимателно избрана наставна програма со холистички пристап кон образованието за бизнис менаџмент придонесе за подобрување на моите претходни менаџерски искуства и проширување на моите професионални хоризонти. Почнувајќи од „длабоко нуркање“ во организациското однесување и тајните на инспиративното лидерство, проследено со увид во развојот на присуството на пазарот, разбирање на логиката на деловната економија, корпоративните финансии, финансиското сметководство и известувањето за управување - до важните аспекти на работењето, оптимизацијата на процесите и логистика, развивање здрава деловна стратегија, отворена соработка и компјутерски алатки – предавањата беа „зачинети“ со огромен спој ставови од академици и практичари, што обезбеди значителна додадена вредност на моето разбирање на деловните теми. Особено е вредно вистинското меѓународно искуство за учење реализирано преку студиските патувања на Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур. Интерактивните предавања одржани од истакнати професори од водечките универзитети во Обединетото Кралство и ЕУ фокусирани на жешки деловни теми, увид во најновите студии на случај и дебати за време на предавањата, ми помогнаа да ги зајакнам моите менаџерски и лидерски вештини.“
Новите вештини стекнати преку студиите за EMBA освен што ги зголемуваат компетенциите, уште и поттикнуваат на самодоверба во промена на работната позиција и прифаќање нови професионални предизвици. Специјално е дизајнирана за сите кои сакаат да ги подобрат своите вештини и знаења за професионален, кариерен и личен развој. Заитересираните кандидати за стекнување стипендија „Борис Трајковски“ можат да конкурираат преку следниот линк.
Паневропска извршна МБА програма, како меѓународна програма се нуди во 8 различни градови низ регионот и нуди неограничени можности за вмрежување. Според квалитетите оваа програма е една од 300те програми акредитирани од Здружението на МБА програми (AMBA) и од Институтот за менаџмент, од Велика Британија (CMI), а вредноста на оваа извршна МБА програма во академскиот свет ја потврдува и заедницата од приближно 4000 учесници и дипломци досега.
ПР објава