Преслатка: Ќерката на Јана Бурческа е „главна фаца“ на плажа!
Пејачката Јана Бурческа сподели преслатки фотографии од плажа, од нејзината ќерка Дона. Малечката Дона позира во интересен аутфит, со марама на глава, а мама Јана ги фаќа овие убави моменти од својата најмила.
-Денот ми започнува со гласот на нашата Дона, во раните утрински часови. Откако таа ќе го заврши својот утрински ритуал, преминувам на својот, односно нашиот, со сопругот. Заедно го пиеме првото кафе и појадуваме секое утро.
Овој период сум целосно посветена на нашата ќерка, таа е во центарот на плановите и обврските. Сонцето ни е најдобар пријател со кој постојано се дружиме. Често се случува да приредам концерт за Дона, со шаренолик репертоар - од опера до Боливуд. - изјави Јана за Женски Магазин.
Пред неколку дена и нејзиниот сопруг Александар Филиповски сподели фотка од уживање на плажа со Дона.
Минатата година на Евровизија имавме можност јавно да го видиме нејзиното запросување, а и на интересен начин, на евровизиската сцена соопшти и дека е бремена.
Д. Караташова