Преслатки зајчиња од Скопје бојадисуваа јајца за Велигден: Почитувањето на празниците се учи од најрана возраст

Фотографии кои ќе ви го разубават денот...

Многу дечиња облечени во зајчиња во огромниот двор на приватната градинка „Светот на Колорес“, бојадисуваа јајца, по повод денешниот празник Велики четврток.

- Почитувањето на празниците се учи од најрана возраст. Затоа и оваа година традиционално со нашите мали и големи другари бојадисавме јајца- напишаа од градинката под низата преубави фотографии.


Вредните рачиња на децата со помош на креативните воспитувачки од градинката, направија вистинска магија од шаренило.

Браво за идејата!

*Претходно оваа градинка изненади со одлична маска за 1-ви април, која наиде на воодушевување кај сите.