Пресметајте колку ќе биде високо вашето дете кога ќе порасне

Добивај вести на Viber

Родителите често замислуваат како нивните деца ќе изгледаат кога ќе пораснат, а еден аспект на физичкиот изглед можат да го предвидат со помош на едноставна формула.

На нашата конечна висина во зрелата возраст влијаат различни фактори, но во најголема мера висината ја одредува генетиката. Тоа го потврди и едно истражување, спроведено на 8.798 близнаци во Финска.

Резултатите од истражувањата објавени во весникот „Бихејвиор генетикс“ покажуваат дека наследноста има најголемо влијание на висината кај дури 78 отсто од испитани мажи и 75 отсто од испитаните жени.

Во ’70-те години од минатиот век е развиена е едноставна формула за предвидување на висина во зрелата возраст, која се пресметува врз основа на висината на двајцата родители.

Иако на сите им е јасно дека конечниот резултат не може да биде целосно точен, затоа што пресметувањето не може да ги вклучи најважните фактори како генетиката и исхрана, многумина сепак ја користат од љубопитност.

Како да ја пресметате предвидената висина за девојчиња: 

(Висината на таткото + Висината на мајката) : 2 – 6,5 см

Таткото 185см  + мајката 170см = 355см

355:2 = 177,5 см

177,5 – 6,5 = 170, 5 см

Предвидената висина на девојчето е 170,5 см.

Како да ја пресметате предвидената висина за момчиња: 

Таткото 185см + мајката 170 см = 355 см

355 : 2 = 177,5 см

177,5 + 6,5 = 183, 5 см

Предвината висина на момчето е 183, 5 см.