Претеравте со сончање, црвени сте и ве пече: Еве како да ги ублажите изгорениците на природен начин

Добивај вести на Viber

фото;Shutterstock

Ако претерате со сончање, тоа може да биде многу болно и лошо. Но, постојат начини да се ублажат непријатноста и болката предизвикани од изгореници.

Иако нема многу луѓе кои не сакаат да го чувствуваат сонцето на својата кожа, долгодо седење на сонце без соодветна заштита има и негативни последици. Изгорениците се многу болни и не ни дозволуваат да извршуваме основни активности, од подвижност, преку туширање, носење облека, до спиење.

Најдобар начин да спречите изгореници од сонце е да избегнете сончање во најтоплиот дел од денот и да ставите крема за сончање. Исто така, ако имате чувствителна кожа, седете под сенка и облечете соодветна облека.

Доколку се појават изгореници, природата може да ви помогне, а еве како да се ослободите од изгорениците од сонце:

Алое вера

Гелот од ова растение го олеснува црвенилото и болката и го лади изгореното место. Покрај гелот, има и препарати со спреј кои можат да ви помогнат кога изгорениците се болни на допир.

Кокосово масло

Мастите од ова масло ја штитат и омекнуваат кожата погодена од изгореници. Исплакнете ја изгорената површина со ладна вода, а потоа со крпа нежно исушете го местото и само тогаш ставете кокосово масло, кое кожата постепено ќе го апсорбира.

Овесна каша

Во вашата кујна можете исто така да го најдете одговорот на прашањето како да ги ублажите изгорениците од сонцето. Имено, овесната каша ја смирува иритацијата на болното место. Направете паста од овесна каша, мед и млеко и нанесете на изгореници. Оставете да отстои додека не се стврдне, а потоа исплакнете со ладна вода.

Домат

Доматот ја намалува иритацијата и болката. Нанесете парчиња на болното место или ставете неколку домати во блендерот. Раширете ја оваа паста на изгорениците и оставете ја да стои додека не се стврдне. Потоа исплакнете со ладна вода.

Сода

Сода бикарбоната исто така ја намалува болката при изгореници од сонце. Направете паста од сода и млака вода и нанесете ја на болното место. Можете да додадете сода бикарбона во кадата кога се бањате.

Хидратација

Кожата погодена од изгореници е сува, се затегнува. Затоа, важно е да пиете доволно течности и да консумирате храна богата со вода како лубеница, краставица, грозје и портокали. Поентата е да останете добро хидрирани, бидејќи на тој начин кожата ќе ја добие потребната течност.

извор;stil.kurir.rs
Внимавајте на плажа и базен: Познат епидемиолог објасни што да се прави пред и по влегувањето во вода