Претседателот на Управен одбор и генерален директор на АДИНГ, Благоја Дончев е добитник на наградата за животно дело во средна и југоисточна Европа, „Креатори на столетието“.

Добивај вести на Viber

Во избор помеѓу 411 кандидати од 8 земји од регионот, меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ награди 56 компании, организации и лица од 6 земји, како најзаслужни за развојот на претприемништвото во средна и југоисточна Европа. Од македонските претприемачи и компании наградени беа и компаниите Халк Банк, Адора Инженеринг“ и „Киро Дандаро“.

„Секако дека едно вакво признание за животно дело, претставува чест за мене како генерален директор на АДИНГ. Уште повеќе што годинава одбележуваме 50 години од нашето постоење, а целиот професионален век речиси 40 години, го поминав во компанијата“ – Благоја Дончев, Претседател на управен одбор и генерален директор на АДИНГ АД Скопје. 

„Креатори на столетието“ го доделува Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ од Хрватска, во рамки на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“. Самитот годинава се одржа од 22 до 24 март 2019 година во Дубровник, а го најавија и Светскиот конгрес на претприемачи „Северна Македонија 2019“, кој годинава ќе се одржува во Скопје во октомври.