Презгоден сум за женските очи: Маж во седмата деценија ги полуде жените, многумина мислат дека лаже за возраста (ФОТО)
Маж тврди дека има 60 години, никој не му верува, а жените се воодушевени.
Дека годините се само бројка докажува маж од САД, Шон Дод, кој собра бројни симпатии од жените ширум светот.
Шон се гордее со своите години, и редовно се снима на социјалните мрежи, а кога во една прилика откри колку всушност години има, многумина ги остави во шок.
Инаку, Шон е воен ветеран, а жените под бројните видеа му оставаат само пофални зборови за неговиот убав изглед во 7-та деценија од животот, поточно тој има 60 години.
„Колку си згоден“, „Изгледаш барем 10 години помлад“, „Ти си совршен“, се само дел од коментарите.
А ни мажите не штедеа зборови да го пофалат:
„Изгледаш одлично човеку! Шеесетите отсега се новите 40-ти“, напиша еден маж.
*Шон на 40 години и на 60 години
Фит формата и големата доза на самодоверба очигледно произлегуваат од неговите војнички денови, но и неговиот сопствен поглед кон светот, со оглед на тоа што Шон е и мотивациски говорник.
Инаку, Шон е среќно оженет, има и внуци и е горд дедо. Сепак, може да се каже и дека генетиката игра голема улога во изгледот...
Како изгледа овој 60-годишник погледнете во видеата:
Седа коса, добри фраери носат: Мажи над 50 години по кои воздивнуваат жените (ФОТО)
Енди Мекдауел одбива да се фарба и гордо ја „шета“ својата седа коса: Сакам да изгледам како жена на мои години