Презгодна за своите години: Додека Данијела се фали со линијата, честитки за новата книга пристигнуваат од сите страни

Добивај вести на Viber

„Туширање на душата“ е нејзина автобиогравска книга во која таа го претставува своето вистинско јас, а не сликата што за неа ја создаваат медиумите или јавноста.

Иако убавата Данијела Мартиновиќ вообичаено не објавува фотографии во бикини, овојпат ги изненади своите фанови со неколку од нив, а воедно се пофали и со фантастичната линија.

Данијела не сакаше да открие со кого е на одмор, но многумина претпоставуваат дека тоа е нејзиниот партнер, инспекторот Јосип Плавиќ, со кој е во врска веќе една година. Токму тој беше најголемата поддршка на промоцијата на книгата „Туширање на душата“, чии поглавја обожавателите на Данијела веќе ги споделуваат на социјалните мрежи.

Инаку, пишувањето на книгата беше еден вид терапија за Данијела. Оваа книга е нејзината духовна автобиографија во која таа го претставува своето вистинско јас, а не сликата што за неа ја создаваат медиумите или јавноста.

- Многу плачев. И додека пишував и подоцна кога ќе читав. Некои поглавја ми беа многу тешки за читање, но имав силна потреба да напишам сè , изјавила пејачката која не ја крие среќата со својот нов избраник.


Фото: Boris Scitar/PIXSELL

Извор:24sata.rs