ПРИКАЗНАТА ЗА ДВОЈНАТА МАСТЕКТОМИЈА НА ХОЛИВУДСКИТЕ И МУЗИЧКИТЕ ЅВЕЗДИ: И без гради се чувствувам женствено
Анастасија,која во вторник доаѓа на концерт во Скопје, ги отстрани двете дојки за да се излечи од ракот, исто како и Анџелина Џоли,Оливија Њутон Џон, Шерон Озборн, Кристина Апелгејт, Кети Бејтс и многу други жени
Американската пејачка и композитор Анастасија, која во утре (15 мај) ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“, е една од светските познатите личности која има направено двојна мастектомија.
Анастасија мораше да ги отстрани двете дојки, откако по втор пат и дијагностицираа рак, кој лекарите прв пат и го открија во 2003 година
Во 2016 година, пејачката мораше да ги отстрани двете дојки, откако по втор пат и дијагностицираа рак, кој лекарите прв пат и го открија во 2003 година. По битката со болеста и операцијата, таа изјави: „Сега, и без двете гради се чувствувам уште поженствено“. Болеста и тешкиот период таа ги опиша во песната „Скршени крилја“.
По оваа одлука, Анастасија им се придружи на Анџелина Џоли,Оливија Њутон Џон, Шерон Озборн, Кристина Апелгејт, Кети Бејтс и многу други жени кои си ги остранија градите за да си го сочуваат здравјето. Секоја од овие дами, интервенцијата ја направи од интимна причина.
Откако открив дека кај мене постои генетски ризик да добијам рак, не сакав повеќе да чекам.- Шерон Озборн
Во 2013 година, на 37-годишна возраст, Анџелина Џоли направи превентивна двојна мастектомија, откако нејзината мајка почина од рак на јајниците. Лекарите на Џоли и открија BRCA1 генетска мутација, па таа се реши за овој чекор за плашејќи се да не ја наследи болеста од мајка и. Поранешната сопруга на Бред Пит потоа направи реконструктивна хирургија на градите. Нејзината одлука, таа ја објави во есеј во „Њујорк тајмс“, охрабрувајќи ги и другите жени да го сторат истото за да си го спасат своето здравје.
Актерката Кристина Апелгејт прво направи лумпектомија, (отстранување на карцином од дојката), а подоцна двојна мастектомија
Кети Бејтс пак, која се прослави со улогата на „Мизери“ во истоимениот филм, исто така ги отстрани градите откако и дијагностицираа рак на дојка во 2012 година. Таа претходно го преживеа ракот на јајници, кој и го открија во 2003 година.
Од истата причина како и Анџелина Џоли, превентивна, ТВ ѕвездата Шерон Озборн се одлучи на двојна мастектомија во 2011 година. „Откако открив дека кај мене постои генетски ризик да добијам рак, не сакав повеќе да чекам. Веќе се лекував од таа болест и нема да си дозволам повторно да живеам со истиот облак“, раскажа Озборн за „Хелоу“ магазинот.
Во 2013 година, на 37-годишна возраст, Анџелина Џоли направи превентивна двојна мастектомија, откако нејзината мајка почина од рак на јајниците
Брзо откако почина нејзиниот татко, во 1992 година, на Оливија Њутн-Џон и беше дијагностициран рак на дојка на 44 години. По делумната мастектомија на градите, ѕвездата на филмот „Брилијантин“, на нејзината веб-страницата таа објави дека е здрава.
Брзо откако почина нејзиниот татко, во 1992 година, на Оливија Њутн-Џон и беше дијагностициран рак на дојка на 44 години
Откако и открија рак на дојка во 2008 година, актерката Кристина Апелгејт прво направи лумпектомија, (отстранување на карцином од дојката). Подоцна, кога дозна дека и таа, како и Анџелина Џоли е носител на мутацијата на BRCA1, таа ги отстрани двете гради во двојна мастектомија. Својата приказна, таа ја раскажа во шоуто на Опра. „Тоа може да биде многу болно ", рече таа.“ Тоа е еден дел од вас што веќе го нема, и исто како да си загубил драга личност, мораш да поминеш низ процес на тагување“.
Кети Бејтс, која се прослави со улогата на „Мизери“ во истоимениот филм, ги отстрани градите откако и дијагностицираа рак на дојка во 2012 година
Анастасија, која во вторник во Скопје ќе ја донесе „Прагма“ продукција, е една од најпродаваните пејачки во 21 век. Од 2000 година, кога започна нејзината популарност има продадено 52 милиони албуми. Првиот албум во 2000 година и донесе голем светски успех. Следната година е прогласена за најдобар поп женски изведувач, а во 2002 година ја испеа химната на Светското првенство во фудбал. Во 2005 година, светски хит кој уште се пее стана нејзиниот дует со Ерос Рамазоти, „I Belong To You“. Билетите се во продажба преку мрежата на Купикартизасе по цени од 1000 до 3.000 денари.
Подготви: Милица Џаровска