,

Приказни од свадбените архиви на Скопје Мериот: Разговор со Јованка Ивановска, координатор за свадби и социјални настани - Радоста во очите на моите клиенти е секогаш и моја радост

Добивај вести на Viber

Јованка Ивановска веќе 4та година е дел од тимот за продажба и настани во Скопје Мериот, одговорна за сегментот социјални настани и свадби, каде што максимално е посветена и ја применува својата експертиза.

Кога велиме експертиза, мислиме не само на долгогодишното искуство, сите предизвици и успешно реализирани свадбени приказни, туку искуство кое пред сѐ како основа за успех ја има љубовта и пасијата кон работата, а се надградува со секоја нова приказна. А тие се различни, секоја приказна сама за себе, затоа што секоја невеста и младоженец, како и нивните семејства, за својата свадба имаат различни замисли, желби и идеи.

Како што вели Јованка, зад сите тие успешни приказни, стои успешен и докажан тим секој во своја област, од банкетинг, извонреден кулинарски тим, специјалисти во раководење со опрема и најнова применета технологија, партнерите со кои соработуваме за дизајн, аранжирање на простор и декорации, сите функционираме како едно.

Скопје Мериот веќе долги години е првиот избор за свадбени прослави и нови почетоци на многу парови, кои едноставно ја препознаваат експертизата, професионалноста, беспрекорната услуга и докажаните Мериот стандарди. Тие стандарди носат врвни хотелиерски услуги за сместување со 5 ѕвезди, користење на ресторанските капацитети на Дистрикт, простории со ексклузивен пристап, користење на претседателски апартман пред свадбата и бенефицирани цени за сместување на гостите, простории и технологија што лесно се адаптира, привилегиран пристап до нашиот велнес спа клуб, но и можност за користење на придобивките од Bonvoy loyalty програмата што носи безброј привилегии и поени, што многу често младенците ги користат за нивни патувања од соништата и меден месец.

Никогаш не се потпираме само на брендот Мериот, иако носи кредибилитет и сигурност за нашите клиенти, туку се обидуваме и успеваме да креираме една сосема нова димензија адаптирана на локалниот пазар, каде што секој наш клиент го третираме на посебен, личен начин.

Идните младенци имаат можност пред свадбата да дегустираат повеќе различни менија пред да го направат финалниот избор, или пак да си состават свое мени во соработка со нашиот кулинарски тим.

Нашите понуди и пристап не се фокусираат само на чинот на одржување на свадба или настан, туку и на привилегии и соработка што продолжуваат да важат и по завршување на свадбата, затоа што нашата цел е градење на односи со нашите клиенти на долг рок, тоа е можеби еден од клучните моменти што го разликува Мериот од останатите.

Во своето досегашно искуство Јованка набројува секакви ситуации. Низ свадбените сали на Скопје Мериот досега поминале семејства и парови од можеби 10 различни земји. Тоа искуство е бесценето.

Имало моменти со многу непредвидени ситуации, доцнење на гости од странство, менување на агендата во последен момент, доцнење на матичарот, трчање со невестата да го смениме бидермаерот 1 час пред почеток на свадбата... сите ситуации сме ги решавале заеднички и од оваа перспектива е многу симпатично и колку и да звучи клише, јас уживав во тоа и во секоја извојувана насмевка.

Овој сегмент не трпи импровизации и потребна е посветеност и ангажирање 24/7. Но кога работата се работи со љубов, едноставно успехот е неизбежен. Најголемиот успех е кога некој ќе ве препознае и како одличен работник, но пред сѐ како човек и пријател.

Пандемијата изминативе години остави неизбришлив траг врз нашите животи, и приватно и професионално, и драстично го намали бројот на настани и свечености. Од овој период успеавме и да научиме многу. Се фокусиравме и на имплементирање на нови хибридни и иновативни технологии. Изминативе 2 години повеќе се фокусиравме на микро свадби, приеми и свечености. Последниве 6 месеци веќе се чувствува промената и забрзаното движење за враќање во нормала. Минатиов месец го поминавме со максимално исполнет капацитет на организирани свадби и свечености.

Кога љубовта кон работата е поголема од сите искушенија, кога добивате пеперутки во стомакот со секој следен настан и свадба, кога ја делите радоста заедно со вашите клиенти, тогаш едноставно знаете дека ја работите вистинската работа.– заклучува Јованка.