Прима на Саемот на мебел – Совршена приказна за квалитетот, стилот и инспирацијата
Саемот на мебел во Скопје кој се одржуваше од 29 март до 2 април за Прима беше прилика пред сите заинтересирани посетители да ги покаже новитетите вградени во својот асортиман, најновите дизајнерски решенија и оригиналните идеи за уредување на секоја просторија во домот. Тоа посетителите го препознаа и го покажаа доаѓајќи во огромен број. Притоа, секој од нив имаше прилика да се увери во квалитетот на мебелот на Прима во условите за купување, да ги искористи специјалните попусти создадени за оваа прилика, но и да се инспирира од различните стилови што на овој саем ги понуди дизајнерскиот тим на Прима.
Овој пат, хрватскиот гигант со радост ги почести своите гости и со вкусните закуски коишто ги подготвуваше познатиот шеф Марк де Јонг. Посетителите уживаа во оригиналноста на храната на нашиот најпознат шеф, а Прима уште еднаш докажа дека за неа се најважни клиентите и задоволувањето на нивните специфични вкусови како за мебел, така и за храна.
ПР објава
Повеќе фотографии погледнете во ГАЛЕРИЈАТА: