Принцот Хари споменат во тужбата за сексуална злоупотреба против Диди: Војводата од Сасекс во нов скандал вреден 30 милиони долари
Имотите на раперот и продуцент Шон Диди Комбс во американските градови Њујорк, Лос Анџелес и Мајами биле претресени од вработени во Одделот за внатрешна безбедност на Соединетите Американски Држави, откако Диди се нашол во центарот на скандал откако неговата поранешна девојка пријавила насилство и сексуална злоупотреба.
Пејачката Кеси Вентура, поранешна партнерка на раперот Шон Диди Комбс, упати сериозни обвинувања на сметка на раперот, а тоа само ја поттикна лавината на вакви случаи против раперот, кога со слични тврдења се јавија и некои други девојки, пишува DailyMail.
По овие сериозни обвинувања, беа претресени неговите домови во Лос Анџелес и Мајами, а најмалку две лица, за кои се верува дека се синови на Комбс, беа уапсени при претрес на дом во населбата Холмби Хилс во Лос Анџелес. Комбс не бил присутен кога биле извршени претресите. Агентите кои го вршеле претресот биле вооружени.
Комбс се најде во центарот на вниманието на јавноста кога неговата поранешна партнерка Каси Вентура го обвини за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и физичко малтретирање во средината на ноември 2023 година, а по низа обвинувања и рација во неговата палата, целиот случај е во рацете на судскиот систем.
На изненадување на светот, принцот Хари е именуван во тужбата од 30 милиони долари против Шон Диди Комбс.
Имено, продуцентот кој го тужи раперот во САД за „забави за трговија со секс“ вели дека неговата поврзаност со влијателни личности како војводата од Сасекс и други познати имиња му ја зголемила „легитимноста“, пишува DailyMail.
Адвокатите тврдат дека гостите биле привлечени од наводните забави на Диди каде што тој сексуално напаѓал мажи и жени. За сега, судските документи поднесени во САД минатиот месец не укажуваат на никакво злосторство од страна на принцот Хари, според DailyMail.