Принцот Вилијам за воспитувањето на децата: Мора да знаат каков е животот надвор од палатата

Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам откри дека пробува да ги научи своите деца за прашањата за кои се грижела и неговата покојна мајка Дајана, принцезата од Велс.

Помеѓу нив посебно ги истакна проблемите со кои бездомниците се соочуваат. Принцот Вилијам, гостувајќи во една британска емисија, рече дека војвотката од Кембриџ и тој се трудат да ги подучат прицот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис за бездомништвото и сиромаштвото, што го сметаат за голем проблем на денешницата. За време на посетата на хуманитарната организација во Пасаж во Лондон, која им помага на бездомниците, принцот Вилијам со поранешниот член на жирито во британското шоу „Brake Off“ правеше чај  за луѓето кои се загрозени, пишува Klix.ba.

Сите совети на Хаштаг.мк