Продолжен викенд за спа и авантура во Крушево

Добивај вести на Viber

Пред нас се два споени викенди, велигендскиот и првомајскиот, како измислени за заслужен одмор далеку од секојдневниот стрес и обврските.

Единствено што треба да одлучите е дали сте за разгалување на сетилата со спа викенд или пак за возбудлива авантура која ќе ви го разбуди умот и телото.

Нашиот предлог е да ги споите двете - со престој во Панорама Хотел & Спа во Крушево и посета на адреналискиот  парк Panorama All Seasons Adventure.

Панорама Хотел и Спа се извишува над Крушево, нашиот шармантен град музеј полн историја и уникатна архитектура. Тука уживате во неверојатна глетка додека ги вкусувате локалните и меѓународните гастрономски специјалитети на Алто, ресторанот во склоп на хотелот.

Потоа се упатувате кон блискиот ски центар на Бушева планина, пеш по патеките, со жичарница, или пак со велосипеди и квадрицикли од возниот парк на хотелот. Горе ве чека најголемиот адреналински парк во земјата, со возбудливи содржини дизајнирани за безбедна рекреација на целото семејство.

Паркот располага со роуп лајн, зип лајн, гоу карт триколки, велосипедски патеки, карпа за искачување, терен за баскет. Во негова близина е лаунџ барот Алто во кој одмарате на тераса со фантастичен поглед на природа, храна и пијалоци, а неретко и диџеј сет.

По динамичниот ден, ви следи целосна релаксација во спа центарот нахотелот опремен со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна. Затворениот базен со стаклен покрив ви нуди неверојатен поглед на Крушево и небото.

Викендот го заокружувате со излет на врвот на планината Мусица каде на дланка ги имате Пелагонија, Солунска глава, Пелистер и Кораб. Како до таму? Панорама ви нуди возбудливо и уникатно возење со амфибија или со теренско возило JEEP Rubicon.

Ви се допаѓа овој план? Тогаш резервирајте навреме и поминете незаборавен викендво Крушево и Панорама Хотел и Спа.

*пр објава