Проектот за локална и регионална конкурентност ги претставува достигнувањата и успесите во развојот на туризмот
По процесот на евалуација, во претстојниот период на јавноста ќе ѝ бидат претставени најуспешните проекти, поддржани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност
Во периодот од 2016 до 2019 година во Република Северна Македонија беше спроведен Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК). ПЛРК беше соработка помеѓу Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, со донација во вредност од 18 милиони евра од Европската Унија преку програмата ИПА 2.
Од вкупниот буџет за проектот вреден 21,5 милиони евра, беше поддржана реализацијата на 57 проекти за развој на туризмот во Северна Македонија.
Поддржаните проекти беа поделени во три категории:
1.19 проекти од страна на општините за подобрување на локалната инфраструктура со цел унапредување на туристичката понуда на нивната територија
2.18 проекти од страна на микро и мали претпријатија за збогатување на нивните капацитети и туристичката понуда
3.20 проекти од страна на невладини организации и здруженија
По завршувањето на проектот Европската Унија спроведе надворешна евалуација за да го процени влијанието и одржливоста на мерката. При процесот на евалуација од 57-те проекти, 14 беа истакнати како најуспешни приказни, и тоа: 6 општински, 6 од микро и мали претпријатија и 4 од невладиниот сектор.
Тимот за евалуација, сочинет од врвни долгогодишни експерти на полето на евалуацијата на проекти од ваков обем, оцени дека овие 14 проекти најдобро ги искористиле доделените средства, влијаеле на отворање на нови работни места и успеале да ја зголемат туристичката понуда во својата туристичка дестинација и со тоа директно влијаеле на подобрување на локалната економија.
18 месеци по официјалното завршување на проектот, ПЛРК ќе се заокружи со завршен настан, на кој ќе бидат презентирани резултатите од четиригодишните активности и од евалуацијата. Настанот ќе се одржи во Винаријата „Лазар“, која ќе биде промовирана како една од најуспешните приказни во рамки на овој проект.
Најуспешните приказни можете да ги погледнете на: https://lrcp.mk/lrcp-uspesni-prikazni/
Заследете ја и страницата на ПЛРК на Фејсбук: https://www.facebook.com/lrcp.mk