Проф. д-р Перишиќ: Кога мајката се жали дека ѝ снемува млеко, најпрвин разговарам со таткото на детето

Фото: www.detinjarije.com

Д-р Перишиќ за доењето, важноста на мајчиното млеко и причините за намалена лактација кај мајките

Д-р Воислав Перишиќ, познат детски гастроентеролог, својата кариера ја посвети на работа со деца кои имаат гастроентеролошки проблеми. Редовен професор е на Катедрата за педијатрија на Медицинскиот факултет во Белград.

Д-р Перишиќ во емисијата „Јутро“ на српската телевизија Прва зборуваше за доењето, важноста на мајчиното млеко и причините за намалена лактација кај мајките.

- Причините поради кои мајките немаат млеко секогаш се од психолошка природа. Но, ние мора да ја разбереме мајката што дои. Доењето е света должност на секоја мајка. Тоа е инкарнација на онаа убавина на живеењето со мајката. Сепак, мора да ја разбереме мајката која вели „Имам млеко сè помалку, моето бебе не е задоволно- вели д-р Перишиќ.

На прашањето кои хормони влијаат на лактацијата, професорот одговори дека постојат два хормони кои секоја жена ги лачи, а тоа се пролактинот и окситоцинот.

- Внимавајте, тоа е многу интересен процес. Бебето е на градите, спремно за цицање. Невралниот сигнал со тие информации оди во хипофизата и мозокот почнува да ги лачи тие два хормони кои влијаат на млечната жлезда. Големината на градите не влијае на производството на млеко. Секоја мајка може да дои- тврди д-р Перишиќ.

Но, како што објаснува, проблемот е стресот.

- На моите студенти им зборувам вака - кога мајката доаѓа дома, мора да биде добра мајка, да го дои бебето и бебето да напредува. Мора да е добра сопруга и добра снаа, мора да прима гости. И сега, наеднаш, таа мајка има толку многу обврски и не знае на која прва да одговори. Прво мора да одговори на најважното барање - млеко за бебето. Мајката мора да се опушти, да се одмора и физички и психички, бидејќи стресот на мајката е главниот фактор што прави млекото да се намалува - тврди професорот Перишиќ.

Тој вели и дека влијанието на психата врз доењето најдобро се гледа по тоа што имало случаи кога мајка која не родила, посвоила бебе и почнала да дои. Бидејќи производството на млеко е поврзано исклучиво со пораката што се испраќа до хипофизата, кога бебето се става на градите, а не со процесот на раѓање.

- Иако тоа ретко се случува, може да се случи. - вели професорот.

Тој додава дека кога некоја ќе се пожали дека го губи млекото, тој прво разговара со таткото.

„Тогаш го тргам настрана и убаво му велам - прави сè во домот, за да може мајката да се опушти, да биде со бебето и да дои.“

Мајката доилка е закон, вели професорот.

- Има нешто во мајчиното млеко што не постои во ниту една млечна формула, а тоа е антителото што нормално се наоѓа во крвта, секреторниот IgA. Совршено ги штити мукозните мембрани и респираторниот тракт. Покрај тоа, еден милилитар мајчино млеко содржи сто пати повеќе леукоцити отколку што има во крвта - дури милион. И кога ќе влезат во дигестивниот систем на детето, исклучително успешно го бранат. Во таа смисла, тоа е моќно биолошко средство за одбрана на дигестивниот систем - тврди професорот Перишиќ.

Извор: zelenaucionica.com