Професии во кои жените заработуваат повеќе од мажите

Има само 7 професии во светот со кои жените можат да заработат повеќе од мажите. 

Но, постојат повеќе од 500 професии и позиции каде мажите апсолутно доминираат, покажува американско истражување. 

1. Туристички водич

Жените умеат многу подобро да ги спроведат туристите во обиколување околу светот, па затоа и заработуваат дури 114,8 проценти повеќе од мажите.

2. Пејачки 

Пејачките  заработуваат 107.6 проценти повеќе од машките колеги.

3. Менаџери за транспорт и складирање

Можеби ќе ве изненади, но и во оваа професија доминираат дамите со 107,1 процент во однос на момците.

4. Нутриционисти

Жените нутриционисти се многу попопуларни отколку мажите кои работат во оваа област и тоа тие доминираат со 105,7 проценти поголема заработка.

5. Станбени советници

Жените знаат подобро да посоветуваат особено околу купувањето или продавањето на недвижности, па затоа и во оваа професија жените ќе бидат подобро платени, дури за 100,8 проценти подобро.

6. Трговци на големо и мало

Жените заработуваат 200,6 проценти повеќе од мажите во оваа област.

7. Советници или воспитувачи

Жените во оваа бранша доминираат и заработуваат 100,5 проценти повеќе отколку мажите.