Прогласена е за најубава жена на светот во 2019 година, а во 2012 Мис универзум: Уловена во секси костим за капење и вака изгледа на сурови, необработени фотографии!

Познатата манекенка и инфлуенсерка Оливија Кулпо неодамна сними моден едиторијал на плажа во Мајами, а папараците не ја пропуштија можноста да го овековечат тој момент.

Оливија блесна во едноделен црн костим кој го истакна нејзиниот шарм - тенок струк, долги нозе и бујни гради. Убавата Американка вешто со меки воздишки им позираше на минувачите, а очигледно е дека изгледа одлично и на папарацо фотографиите. Да потсетиме, оваа 29-годишна девојка во 2012 година беше прогласена за Мис на Америка, а истата година ја зеде и титулата за Мис Универзум. Исто така, во 2019 година, магазинот „Maxim“ ја прогласи за најсекси жена на светот. 

Освен со манекенство, таа се занимава и со глума, а има и приватен бизнис - косопственик е на ресторан на Род Ајленд. Таа се испроба и во дизајнерски води, па во соработка со познатиот бренд „Експрес“ дизајнираше женска колекција.

Инаку, Оливија е позната и како своевидна стилска икона, па речиси во секоја пригода е беспрекорно облечена, а на жените ширум светот особено им се допаѓаат нејзините street style варијанти.


Фото: Профимедиа

Галерија: