ПРОГРАМИРАЊЕ ЗА ДЕЦА CO-DING: Кодирањето за деца е нов вид писменост на 21. век
Доколку вашето дете поголем дел од слободното време го поминува пред компјутер, во играње игри или прегледување најразлични содржини, веројатно ви е јасно дека нема да постигнете ништо со постојани забрани или одвраќање од технологијата. Бидејќи децата најдобро учат од искуството и низ игра, можеби можете да се обидете уште од најрана возраст да ги заинтересирате за курсеви за програмирање, какви што се Co-ding! („Кодинг“) и Co-ding! Junior („Кодинг јуниор“) што се изучуваат во едукативните центри „Арс Ламина Едукација“.
Поддржувачите на кодирањето за деца сметаат дека на секое дете во 21. век треба да му се даде можност да научи нешто за алгоритмите, како се прават апликации или како функционира интернетот. Исто како што учат за фотосинтезата, системот за варење или електричната струја.
– Во дигиталната ера во која живееме, читањето, пишувањето и програмирањето се основни темели на писменоста на модерната личност. Децата од најрана возраст треба да имаат барем основни познавања од програмирањето бидејќи на тој начин полесно ќе можат да ги користат дигиталните медиуми и платформи. На овој начин децата ќе сфатат дека компјутерите, „паметните“ телефони, не се магични кутии, туку дека е потребно знаење тие да се програмираат да го прават она што ние сакаме да го прават. Исто како и возењето велосипед, учењето како да се програмира е полесно ако се почне помлад. Дури и четиригодишните деца можат да ги научат основните концепти за кодирањето. Учењето програмирање станува полесно и поинтересно бидејќи има сè повеќе и повеќе нови видови софтвери и во комбинација со современите наставни методи може да се задржат интересот и возбудата кај децата учејќи програмирање – вели координаторот за програмите Co-ding! во едукативнитe центри „Арс Ламина Едукација“ – Билјана Стојоска-Златков.
Co-ding! и Co-ding! Junior
Сфаќајќи ја новата реалност во која кодирањето за деца е нов вид писменост на 21. век, во едукативните центри „Арс Ламина едукација“ се обучува третата генерација млади програмери. Програмата Co-ding! е базирана на интернационални програми за кодирање за деца, а е адаптирана за Македонија. Таа е организирана да ги опфати децата од 5 до 14 години, и тоа:
Co-Ding! Junior – курсеви за програмирање за деца од 5 до 8 години и Co-Ding! – курсеви за програмирање за деца од 9 до 14 години. Целта на учењето програмирање е: компјутерско размислување, креативен начин на учење од своите грешки, способност за решавање комплексни проблеми, вештина за работа во тимови, чувство за завршена успешна работа, развивање ефективен мисловен концепт, насоченост кон решавање проблемски ситуации, што продуктивно ќе влијае врз секој нов интелектуален предизвик.
Зошто кодирање на рана возраст?
Пред сè, затоа што кодирањето е забавно. Ја зголемува самодовербата на децата и им помага да се изразуваат на различни начини. Учењето програмирање е лесно и децата ги совладуваат програмската логика и концепти, дури и пред да почнат да читаат. Децата на возраст од 5 и 6 години се во важна психолошко-социјална фаза од развојот во која ги трансформираат појавите од перцепција на средината во логичка конекција. Кодирањето, во таа смисла, им овозможува да бидат креативни, да работат на забавни проекти и паметно да го користат времето поминато пред компјутер.
Повеќе информации за програмите за програмирање за деца Co-ding! и Co-ding! Junior што се изучуваат во едукативните центри „Арс Ламина Едукација“ (во Центар и во Аеродром), ќе најдете на следниве линкови:
https://www.facebook.com/edukativencentarArsLamina
https://www.facebook.com/Ars-Lamina-Edukacija-Aerodrom