ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР започна серијал на едукативни работилници за градење вештини за жени претприемачи
ПроКредит Банка, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), го започна серијалот на работилници за градење вештини за жени претприемачи со темата „Ефикасно одредување цени и прилагодување на цените на производите и услугите“. Настанот, кој се одржа во просториите на банката, беше организиран како дел од програмата „Жени во бизнис“, која има за цел да ги поддржи жените претприемачи во Македонија, не само преку понуда на финансиски услуги, туку и преку едукативни и консултативни активности.
Преку интерактивното предавање на Гојко Вучиниќ, виш финансиски експерт од Frankfurt School of Finance and Management, учесниците се запознаа со практични и корисни совети зауправување со цените како еден од клучените фактори за одржливост и конкурентност на бизнисите. Учесничките имаа можност да научат за различни методи на одредување цени, анализа на деловни и ценовни стратегии, како и техники за адаптирање на цените во зависност од пазарните услови.
Дополнително, учесниците имаа можност да слушнат инспиративна претприемничка приказна од Загорка Блажевска, сопственичка на „Вита Нова“, која го сподели својот пат од идеја до успешен бизнис.
„Финансиската едукација е клучен фактор за развојот на претприемачките капацитети на жените во Македонија. Програмата Жени во бизнис и иницијативи како оваа работилница се само дел од палетата нефинансиски услуги кои ги нудиме на нашите клиенти, а кои заедно со финансирањето се клучни за градење стабилни и конкурентни бизниси кои ќе го поттикнат економскиот раст.“ изјави Ана Николова, Директор на сектор за мали претпријатија во ПроКредит Банка.
Свое обраќање имаше и Маја Столевска Костадинова, Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР, која ја потенцираше стратешката поддршка која Европската Банка за обнова и развој ја дава на локалната економија преку систематизирани иницијативи за помош на локалните бизнисиза дигитализација, инклузија и зелени инвестиции.
Програмата Women in Business нуди целосен пакет на финансиски услуги прилагодени на потребите на жените претприемачи, вклучувајќи олеснет пристап до финансии без потреба од колатерал, консултативна поддршка од личен банкарски советник, комплетни решенија за дигитално банкарство и дополнителни бенефити за бизнисот и вработените. Покрај финансиските услуги, програмата нуди и нефинансиски услуги како едукативни работилници, менторства и настани за вмрежување. Овие активности им овозможуваат на жените претприемачи да се поврзат со истомисленици и да ги прошират своите професионални мрежи.
Семинарот претставува уште еден чекор кон зајакнување на улогата на жените во деловниот свет, а ПроКредит Банка и ЕБОР повторно ја покажаа својата посветеност на создавање на подобри услови за претприемачките во нашата држава.
За повеќе информации за програмата „Жени во бизнис“ посетете ја веб-страницата на ПроКредит Банка.
ПР објава