Пролет во нежни нијанси: Шест бои кои ќе владеат (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Додека некои бои се вонвременски, како што се црната, црвената и белата, другите многу лесно излегуваат од мода. Стилистите и дизајнерите често си играат со различни нијанси, па само се запрашавме: Кои бои ќе владеат со сцената оваа сеозона?

Минатата година, модниот свет беше преплавен со неутрални нијанси, со по некој детаљ кој ја разби монотонијата на тоновите на кожа боја, капучино и песок. Сепак, оваа година ни носи широк спектар на различни тонови на бои, кои ќе се разнишаат и разбудат оваа сезона.

Ѕирнете во плакарот и погледнете дали имате некое парче облека од овие бои и гордо повторно облечете го, како претходник на новиот тренд:

Зелена жалфија

Очигледно, оваа нијанса ќе биде број еден оваа година. И кога ќе погледнеме во минатото, има смисла! Имено, минатата година сè беше беж и „кремасто“, а претходната година светот полуде по валкана розова боја.

Не е ни чудо што во 2021 година, таа едноставно излезе од сопствената пригушена сенка. Со сето тоа, зелената жалфија одговара на сите тонови на кожата и одлично оди со тексас. Значи, со оваа боја нема грешка.

Чоколадно кафеава


Од млечни до богати, темни чоколадни нијанси ... Можеме слободно да кажеме дека чоколадно кафеавата е новата црна и дека ја има насекаде оваа сезона: од еко-кожни јакни, преку чизми и патики до долна облека.


Следна страна