Пролет во нежни нијанси: Шест бои кои ќе владеат (ФОТО)
Лаванда
Во палетата има многу нијанси на виолетова, но особено се истакнува една, а тоа е бојата на лаванда. Лесна, весела и разиграна, ги освои сите симпатии, па сè е во „лаванда“ - долна облека, костими за капење, блузи, кошули, додатоци...
Бледо жолта
Велат дека сами треба да бидеме сонце за себе, и како поинаку да го расположиме денот ако не се облечеме во жолто? И додека малку жолто е премногу интензивно, оваа нијанса е блага и многу елегантна. Ако не сте љубител на жолти тонови, секогаш можете да ја освежите вашата комбинација со додаток од оваа боја.
Силно портокалова
Не баш неонски сјај, но многу интензивен, оваа храбра боја е апсолутен хит и мора да ја имате оваа сезона. Од бикини, преку јакни, до фустани и комбинезони, светло-портокаловата боја одговара на луѓето со темна и светла кожа, а се носи во пролет и лето, а ќе се носи и кога ќе пристигне сезоната есен / зима 2021/2022.