Пролетен тренд: Етно фолклор под влијание на бохо стилот и екологијата (ФОТО)
Фото насловна: Asos
Реси, везови и
цветни мотиви се дел од симпатичниот лелеав стил што се враќа оваа пролет како
дел од лежерните опции и се карактеризираат со стилска меморија од ерата на
Вудсток.
Екологијата добро го разниша светот на модата во текот на изминатата година, а последицата од зајакнување на колективната свест за тоа што го носиме секој ден е стил што се реферира на природата.
Фото: pinterest.com
Цветниот дезен и везови, како претставници на етно и фолклорно облекување ширум светот, украсуваат пролетни фустани и лелеави туники.
Фото: pinterest.com
Овој стил често носи силни бои, бидејќи народните носии се претежно моќни во боја.
Фото: pinterest.com
И дневниот стајлинг може да биде лежерен и во бохо стил, пример болеро со вез со лесна хипи блуза со фармерки ѕвонарки.
Овој тип на јакна одлично одговара со црни рокерски панталони.
Фото: pinterest.com
Едноставните винтиџ фустани стануваат шик креации и омилени на урбаната модна сцена.
Фото: pinterest.com
Туники и маици со јаки со ве израз и „пуф“ ракави, изработени од квалитетен лен, често се кријат во многу продавници за продажба на производи за втора употреба или познати како Second hand продавници.
Фото: pinterest.com
Можеби ќе ве интересира:
Врвни модни пролетни комбинации: Создадени за жени над 45 години (ФОТО)