Врвни модни пролетни комбинации: Создадени за жени над 45 години (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Инстаграм/codigopilar

5 одлични комбинации

Пилар е модна блогерка која привлекува големо внимание со својот совршен стил и комбинации што дури и модните експерти не наоѓаат маани. Таа е во 6-та деценија, а многу помлади девојки би и позавиделе на нејзиниот изглед.

Ѕирневме во нејзиниот профил на Инстаграм и ги издвоивме 5-те најдобри комбинации за пролетните денови. Погледнете ги фотографиите и сигурно ќе најдете инспирација за наредните денови.


1. Белата е секогаш „ин“

Белата боја е совршена за пролет, а можете да ја носите вака: 


2. Колку е повесело, толку подобро

Освен белата боја, сите светли нијанси се во тренд, а особено комбинацијата на неколку бои во еден стајлинг. Пилар го комбинира тоа совршено: 


3. Панталони со многу џебови

Панталоните со многу џебови ќе доминираат во модната сцена, па дури и ако се во маслинова боја, тоа е полн погодок. 


4. Сатенскиот фустан сè уште доминира во модната сцена

Овој модел на фустан во комбинација со блејзер изгледа софистицирано. Вака облечени, можете да одите во канцеларија без никакви проблеми. 


5. „Пуф“ракави

Една комплетно едноставна, а во исто време и многу моќна комбинација создадена за крајот на работната недела. 


Фото: Инстаграм/codigopilar

Можеби ќе ве интересира:

Експлозија од бои: Дали сте подготвени за овие смели комбинации? (ФОТО)