Пролетен впечатлив стил кој на сите ни го привлекува вниманието

Добивај вести на Viber

За прв пат на блогот на B Watch има гостин. Тоа е Maryse, поради нејзиниот урбан стил и изострен вкус за модата сакавме да видиме како часовниците и модните детали ќе се вклопат во нејзиното секојдневие.


Be URBAN, be BOLD

М: Целосно црн часовник со црно куќиште и каишка. Морам да признаам дека тоа ми е нешто омилено! Суптилно, минималистичко а сепак луксузно! На тој начин се остава простор за истакнување на другите парчиња кои ги носам. На пример, кроп топ со принт не би одел толку добро со златен или сребрен часовник, како што оди со целосно еднобоен - во случајов црн.

Живејте го животот во боја!

Casio не е само бренд за часовници, Casio е традиција, начин на живеење и култура. Fun fact - оваа приказна започнува во 1946та во Токио, како електронска компанија за механички делови и калкулатори, за во 1974та година да го произведе својот прв дигитален часовник - Casiotron. Денес Casio е еден од најпознатите и најбараните брендови за кварцни часовници.

А, како Maryse би ги носела Casio часовниците?

М: Обично кога носам колоритна модна комбинација сакам и деталите да бидат во боја. Секако морам да напоменам дека тоновите мора да бидат усогласени. Casio обично имаат интересни модели, како овој модел во боја кога станува збор за оној кул стрит стил. Посебно сега за на пролет или лето.


Донесете го Париз во вашето секојдневие!

Pierre Cardin, француски бренд кој се одликува со класичен и луксузен дизајн, елеганција и уникатност. Овој моден бренд има за цел да создава смели часовници кои го отсликуваат гламурот на Париз.

Еве го и нејзиниот фаворит од овој моден бренд

М: Елегантен златен часовник со бели детали е нешто во што препорачувам секоја девојка да инвестира. Некако дава посебна елегантност на целата комбинација. Не одзема премногу внимание и на тој начин се дава простор за комбинирање со други модни додатоци и накит како на пример некои златни обетки, прстен или некој елегантен каиш со златни детали. 

За крај, покрај моделите кои таа си ги одбра, ние пробавме да и ја “отежниме“ работата на Maryse давајќи ѝ предизвик - како би го искомбинирала следниот часовник.

Нашиот избор е Polo Santa Barbara златен часовник, на бела позадина кој ги покажува и позициите на Месечината во текот на месецот.

Часовник кој не е со тенка каишка, јас би го комбинирала во некој кул уличен изглед со монохроматски парчиња за да дојде до израз. На пример бела патика, бели фармерки и маиче. Секако со некој уникатен капут или бунда совршено ќе се надополни целиот изглед. Истото би изгледало супер и во целосно црна варијанта. 


ПР објава