ПРОЛЕТНИ ДЕНОВИ СО СНЕГ: Граѓаните со помош за штрковите кои пристигнаа во Македонија

Добивај вести на Viber

Граѓаните на социјалните мрежи се организирираат  за помош на штрковите кои долетаа во Maкедонија, но поради снегот немаат храна.

„Имаме информација од жители на Драчево, Зелениково, Ржаничино, Петровец и други места дека има пристигнато штркови на кои им е неопходна наша помош во обезбедување на храна. Се молат сите луѓе кои се во нивна близина, доброволци, активисти да помогнат за спас на овие прекрасни птици кои по долг и тежок пат се вратија во нивните гнезда, а времето си поигра со нив“ - апелираат граѓаните. 

Акции за помош на штрковите се организираат и во соседна Бугарија. Таму луѓето штрковите ги внесуваат во домовите за да ги заштитат од студот и да им дадат храна.