Пролетта без нив не може да помине: Џеј Ло одржа модна лекција и покажа какви бели патики треба веднаш да купите

Добивај вести на Viber

Џеј Ло е движечка модна инспирација, а сега ги воодушеви сите жени кои сакаат спортски, опуштен изглед

Една од најубавите жени во светот, Џенифер Лопез со години важи за една од најдобро облечените жени, па не е чудно што многу трендсетерки секојдневно го следат нејзиниот стајлинг.

Не сака многу да се експонира, но папараците будно ја следат, па не може да помине речиси ден, а некој нејзин аутфит да не се појави на социјалните мрежи или портали.

Неодамна, Џеј Ло беше фотографирана како се шета со нејзиниот сопруг Бен Афлек, додека тие гледаа во имот што размислуваат да го купат.


Џеј Ло за таа прилика носеше лежерно издание, прекрасна, памучна тренерка во сива боја и бели патики, апсолутни владетели на секоја пролет.

Овој пат изборот падна на моделот на познатата италијанска модна куќа Прада, Cloudbust Thunder, кои чинат речиси 1.000 долари.


Тие се направени од тенок, речиси проѕирен материјал кој лесно ги пропушта воздухот и водата, па многумина беа изненадени од нивното име. Се чини дека ова не се патики за влажни временски услови како што сугерира името.

Во секој случај, овие патики сигурно ќе бидат задолжителни за оваа сезона, а како да не бидат кога се удобни, практични и многу лесни за комбинирање речиси со се.


ФОТО: Инстаграм