ПРОМОТИВНА ПРЕДЕВРОВИЗИСКА ТУРНЕЈА НА ДУОТО: „Ај Кју“ во Израел

Добивај вести на Viber

Македонските евровизиски претставници „АјКју“ тргнаа на промотивна турнеа низ неколку земји кои учествуваат на „Евросонг“ .Дел од патувањето на Бојан Трајковски и на Марија Наумовска е и Израел. Тие на својот Инстаграм профил објавија слика од посета на Ерусалим, дружејќи се до дел од тимот на швајцарската евровизиска делегација.

Пред да заминат на промотивната турнеа, „Ај Кју“ и музички и кондициски се подготвуваа за претстојните настапи. За да останат во добра форма, тие редовно одеа на часови по пливање.


63. издание на „Евросонг“ ќе се одржува од 8 до 12 мај во Лисабон, а Македонија настапува во првото полуфинале, на 8 мај со песната „Lost and Found“. Автор намузикатаи на текстот е Трајковски, а аранжер е Дарко Димитров. „Ај Кју“ ќе пеат 11 по ред. Во конкуренција со нашите претставници се: Азербејџан, Исланд, Албанија, Белгија, Чешка, Литванија, Израел, Белорусија, Естонија, Бугарија, Хрватска, Австрија, Грција, Финска, Ерменија, Швајцарија, Ирска и Кипар. Дуото, заедно со македонската евровизиска делегација ќе посети дел од овие земји на промотивната турнеjа.

„АјКју“ на својот Инстаграм профил објавија слика од посета на Ерусалим, дружејќи се до дел од тимот на швајцарската евровизиска делегација

„Нема потреба со спортска страст да се проследува една музичка манифестација и најгледаното телевизиско шоу како што е „Евровизија“. Главната придобивка од евентуална победа е тоа што земјата победник добива улогата на организатор за следната година. Меѓутоа од секој фестивал излегуваат повеќе добри песни коишто понатаму оставаат печат, сјајот на шоуто не го дава само победникот. Јас сум сигурен дека Македонија ќе победи и ќе биде организатор на овој настан, само не гарантирам дали годинава или некоја однаредните“,изјави Бојан Трајковски, гитаристот на „АјКју“ во интервју за Женски магазин. Тој додаде дека тој и Марија сечувствуваатподготвени за евровизиската авантура.

Милица Џаровска