Пронајден е мртов во својот дом: Почина познат актер од филмот „Петтиот елемент“

Тој беше познат по своите улоги во текот на осумдесеттите години

Томи „Тајни “ Листер, познат на нашата публика по улогата на претседател Линдберг во филмот „Петтиот елемент“, почина на 62-годишна возраст.

Според странските медиуми, Томи не бил пренесен во болница кога Брзата помош пристигнала во неговиот стан, но бил констатиран мртов на самото место.

Листер беше познат по своите улоги како жестоки момци во текот на осумдесеттите години, за да направи пресврт кон комедиите почнувајќи од филмовите „Петок“ и „Следниот петок“ со Ајс Кјуб и Крис Такер.

Тој исто така имаше улоги во гореспоменатиот филм „Петтиот елемент“, „Темниот витез“, но и во анимираната „Зоотопија“.


Покрај актерството, Томи имаше 2 кратки ангажмани во професионално борење, а глумеше заедно со Халк Хоган - како негативец, Зевс - во филмот „No Holds Barred“ од 1989 година.

На почетокот на оваа година, Листер им помагаше на ужалените семејства - а неколку месеци претходно ги предупреди децата да останат внатре во раните денови на пандемијата.


Фото: screenshoot/Youtube