Прослава во семејството на Снежана Ѓуришиќ, пејачката собра половина српска естрада: А, сите во неверување ги остави нејзината внука (ВИДЕО)
Пејачката Снежана Ѓуришиќ организираше прослава на полнолетството на нејзиниот внук Милош во престижен ресторан.
На прославата се собраа голем број колеги на Снежана од естрадата, а во еден момент сите се фатија за микрофонот и ѝ испеаја неколку песни .
Меѓу гостите од естрадата беа Светлана Цеца Ражнатовиќ, Ана Бекута, Зорица Брунцлик, Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, Ѓани, Миша Мијатовиќ, Александар Софронијевиќ, сопругата на Ацо Пејовиќ и многу други.
Посебно емотивен момент се случи кога внуката на Снежана , Лана, го отпеа нејзиниот хит „Спомени“ со Ана Бекута, покажувајќи дека наследила голем талент од нејзината баба.
Луда забава започна кога Снежана во дует со Џани испеа неколку песни, со што сите гости во ресторанот ги крена на нозе.
Како помина полнолетството на внукот на Снежана Ѓуришиќ, погледнете во видеото на почетокот на текстот.