Провокација за Новак? Мирка Федерер со детаљ на џемперот порача дека нејзиниот сопруг е „најдобриот на сите времиња“

Стајлингот на Мирка Федерер на модната недела во Париз многумина го протолкуваа како скриена порака и провокација упатена до српскиот ас Новак Ѓоковиќ. Козата (GOAT) на џемперот предизвика бура на социјалните мрежи.

Роџер Федерер го закачи својот тениски рекет и ужива во пензионерските денови во посета на Модните недели со сопругата Мирка. Сепак, иако не учествува на Австралија опен, Мирка се погрижи неговите тениски вештини да не бидат заборавени.

Познатиот пар се појави на модната недела во Париз, а околу нив се собра кремот на светскиот џет-сет, па така на ревијата на Диор позираа со Сидни Толедано, кој е извршен директор на LVMH, неговата сопруга Катја и Марија Грација Чиури како и со познатите Ана Винтур и Баз Лурман.

Ефективниот стајлинг на Мирка Федерер привлече големо внимание. Таа се појави во интересен шарен комплет, долги чизми и волнен елек со мотив на коза, што предизвика многу коментари на мрежите. Секако, се работи за парчиња од Диор – а Мирка не случајно го избрала овој стајлинг.

Имено, мотивот на козата (анг. GOAT) се однесува на трката GOAT („G.O.A.T. - англиска кратенка за „најдобрите на сите времиња“), во која со децении учествуваат Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.


Мирка со овој гест јасно стави до знаење кој за неа е „најдобар на сите времиња“. Дали се согласувате?


Фото: Твитер/Youtube - screenshoot