Прсти да си излижеш: Слаткото на Сузе од дојрански смокви хит на социјалните мрежи - Го подготвила на нејзин уникатен начин

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Сузана Гавазова често знае да сподели видеа со нејзините следбеници на социјалните мрежи од јадења кои ги подготвува во нејзината кујна за семејството.

Не пропушта видеата да имаат и музичка подлога исклучиво само со македонска изворна песна.

Во интервју за Женски магазин откри дека обожува да готви и омилено семејно јадење им е пилешка чорба, како и ориз со пилешки копани.

„Инаку многу ја сакам Македонската кујна и секако нашата богата традиционална музика и песна“, изјави Сузана.

Крајот на летото е период кога се подготвува конзервирана храна за ладните зимски денови. Периодот на зимница веќе започна.

Овој пат Сузана подготви слатко од смокви на нејзин уникатен начин.

„Од овие сочни Дојрански смокви ќе направиме слатко. Да има и во зима да си јадеме“, напиша на една од фотографиите.

Очигледно Сузе го погодила рецептот, па така подготвеното слатко го стави во тегла за да се консумира во зима.

Фото: Инстаграм
РЖМ

„Како дете бев многу подвижна, работев земјоделие и мислам дека тука е тајната за побрзо да се вратам во кондиција“: Интервју со Сузана Гавазова