Прв филм на Обама: Кој е документарецот што нѐ победи на Оскарите?

Добивај вести на Viber

Документарецот „Американска фабрика“ кој на само 24 часа пред Оскарите успеа да ни ја украде победата и на доделувањето на престижната американска награда „Независен дух“ е прв филм продуциран од поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, a dистрибутер е „Нетфликс“.

Делото на Стивен Богнар и Џулија Рајхард за пропаднатата фабрика на Џенерал моторс во Дејтон, Охајо што ќе ја купи кинески милијардер на Академијата очигледно повеќе ѝ се допадна од „Медена земја“ и покрај фактот што токму нашето ремек-дело испиша оскаровска историја како прв документарец номиниран и во категоријата за најдобар интернационален филм.