Прв пат, никој не гледаше во телото на Хали Бери: Убедливо најатрактивната личност на Оскарите 2021 година (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Овој пат, Хали Бери реши да го сврти вниманието кон себе со својата фризура, а не со телото

На Оскарите, Хали Бери (54) дојде во придружба на нејзиното момче, музичарот Ван Хант. Облечена во виолетов фустан од Долче и Габана, Хали ги истакна своите заносни облини со лелејава ткаенина.

Сепак, ова е прв пат никој да не го гледна нејзиното тело, бидејќи овој пат актерката го привлече вниманието со ултра кратка фризура боб со шишки. 

„Ова го може само таа“, „Ја обожавам Хали Бери со кратка коса“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Актерката изгледа е задоволна од својата уникатна фризура, бидејќи на нејзиното лице јасно се гледаше среќата.

Како ви се допаѓа новиот изглед на Хали Бери?



Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Oдбива да се шминка и не ѝ пречело што сопругот ја запросил со прстенот од поранешната сопруга: Оскаровката Франсис не е класична холивудска жена